Во спортскиот центар „Кале“ во Скопје се играат натпреварите од „А квалификациската група во ФИБА Еврокупот во која настапува и македонскиот претставник Работнички.

Во првиот натпревар, екипата на Сабах предводена од македонскиот тренер Боби Митев и неговиот асистент Никола Божиновски, забележа победа. Тимот од Азербејџан, славеше над холандскиот претставник Донар Гронинген со 75-72.

Во вториот натпревар од 1.коло, вечерва (20.30 часот) ќе играат Работнички и Рапид Букурешт.

Само победниците од оваа и останатите квалификациски групи ќе обезбедат пласман во следната рунда.

ФИБА ЕВРОКУП – А група (Скопје)
понеделник (2 октомври)
Донар Гронинген – Сабах 72-75
20.30 Работнички – Рапид Букурешт
вторник (3 октомври)
17.30 Рапид Букурешт – Донар Гронинген
20.30 Работнички – Сабах
четврток (5 октомври)
17.30 Рапид Букурешт – Сабах
20.30 Работнички – Донар Гронинген