Во фудбалската Лига на шампиони денеска и утре ќе се играат натпреварите од втората рунда во фазата по групи.

Дербито денеска ќе се игра во Неапол, каде македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас со Наполи ќе го пречекаат најтрофејниот Реал Мадрид.

Двата тима забележаа победи во првото коло совладувајќи ги Брага и Унион Берлин. Тренерот на гостите Карло Анчелоти ќе има поголеми проблеми во пресрет на вечерашниот меч. Тој не ќе може да смета на искусните бекови Алаба и Милитао кои се повредени. Ќе успее ли тоа да го искористи италијанскиот шампион останува да се види.

Интересно се очекува да биде и на натпреварите Манчестер и Милан.

На „Олд Трафорд“ Јунајтед првите бодови ќе би бара во дуелот со Галатасарај, а на „Џузепе Меаца“ европскиот вицепрвак ќе ја брка првата победа во дуелот со Бенфика,

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 2.КОЛO
А група
21: 00 МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – ГАЛАТАСАРАЈ
21:00 КОПЕНХАГЕН – БАЕРН МИНХЕН
Б група
21:00 ЛЕНС – АРСЕНАЛ
21:00 ПСВ – СЕВИЉА
Ц група
18:45 УНИОН БЕРЛИН – БРАГА
21:00 НАПОЛИ – РЕАЛ МАДРИД
Д група
18:45 САЛЦБУРГ – РЕАЛ СОСИЕДАД
21:00 ИНТЕР – БЕНФИКА

СИТЕ ГОЛОВИ ОД 1.КОЛО МОЖЕ ДА ГИ ВИДИТЕ ОВДЕ