На меѓународниот ракометен турнир ,,Ѓорче Петров Куп” денес се одиграа четири натпревари.

На првиот екипите на Железничар и ПАОК одиграа многу неизвесен натпревар но, сепак српскиот тим успеа да победи со минимални 29:28.

Затоа во втората српско-грчка пресметка, славеше грчки тим на Панорама кој лесно ја совлада екипата на Бор со 26:18.

Третиот натпревар на денешната програма беше дуелот меѓу Вардар и Бекамент. Тимот на Бекамент одигра поквалитетно и ги победи ,,црвено-црните” со 35:29.

Домаќинот Ѓорче Петров и Црвена Звезда го одигра последниот натпревар. И тој донесе неизвесност, а двете екипи покажаа извонредна игра и борбеност. Сепак Србинките одиграа подобро и ја победија екипата на Ѓорче Петров со 29:27.

И во текот на утрешниот ден ќе се играат по два натпревари, претпладне и вечерта.

Сала Христо Батанџиев
10:00 Вардар – Железничар
12:00 Бор – Црвена Звезда
Игралиште Камин Кама
19:00 Панорама – Ѓорче Петров
21:00 Бекамент – ПАОК