Во воведниот натпревар од 2.коло во Бундес лигата, Лајпциг на домашен терен убедливо со 5:1 го совлада Штутгарт.

Поразот на стартот од сезоната во дербито против Баер Леверкузен, како дополнително да ги мотивира фудбалерите на Лајпциг.

Домаќините тргнаа силовито, но првиот гол дојде во 35.минута, а стрелец беше Џираши.

Затоа во вториот дел следуваше „голеадата“.

Веќе во 51.минута беше 1:1, стрелец на голот за Штутгарт беше Хенрикс.

Во 63-тата минута Дани Олмо одново им донесе предност на домашните. Само три минути подоцна, Опенда се запиша во листата на стреллците.

Свое шоу помеѓу 74 и 76 минута имаше Чави Симонс кој асистираше за голот на Дани Олмо. Најпрво асистираше до Кампл за 4:1, а две минути подоцна и самиот постигна гол за конечни 5:1.