Македонскиот првак Еурофарм Пелистер со убедливи пораз го започна настапот на традиционалниот турнир во Добој, БиХ.

Битолчани беа надиграни од бранител на трофејот од лани, Ал Ахли. Египетскиот шампион славеше со 11 голови разлика 34-23. Ова беше дуел од групата Б во која вчера на отворањето францускиот Монпелје го надигра домаќинот со 44-20.

Во групата А. И шпанската Барселона беше убедлива во мечот со српскиот тим Војводина кого го совлада гола со 39-29. Во последниот меч од денешната програма играат Загреб и Целје.

Утре ќе се играат четири натпревари. Програмата ќе ја отворат Еурофарм пелистер и Слога Добој во терминот од 15 часот и 30 минути.

По нив следуваат дуелите: (17.20 ч) Барселона – Загреб, (19.10) Војводина – Целје и (21)  Монпелје – Ал Ахли.