Екипата на Динамо Загреб претрпе пораз од атински АЕК во натпревар од 3.коло квалификации за Лигата на шампиони. 

Динамо пред своите симпатизер на „Максимир“ загуби со 1:2 и тоа со пресврт во вториот дел. 

Иако домаќините со прекрасниот гол на Марко Булат во 38.та минута поведоа со 1:0 сепак во вториот дел комплетен пресврт направи АЕК.

Во 59-тата минута Стивен Зубер го израмни резултатот на 1:1. Конечните 1:2 за атинскиот тим ги постави Костас Галанопулос во последната 90-та минута. 

Инаку ова е првиот дуел меѓу овие два тима, откако минатата седмица поради немилите настани во Атина, УЕФА реши по обратен редослед да се играат натпреварите. 

Реваншот е по седум дена во Атина.