Јуниорската женска репрезентација на Македонија за кошаркарки до 18 години како 16-та го заврши својот настап во Б дивизијата на Европското првенство во Софија.  Во последниот натпревар на првенството Македонија е поразена од Австрија со 74-81.

Целата работа Австријките ја завршија во првата четвртина која ја добија со 14 разлика (16-30), за на полувремето да заминат со предност од 13 поени (38-51).

Во вториот дел беше само чиста формалност, а нашите јуниорки само успеаја да го ублажат поразот на конечни 74-81.

Така избраничките на селекторката Јелена Антиќ со само една победа и шест пораз завршуваат на 16-тата позиција во конкуренција од 18 репрезентации, а зад нив се само селекциите на  Романија и Норвешка единствената селекција која ги загуби сите натпревари меѓу кои и дуелот со Македонија (нашата единствена победа)