Џесика Пегула и Маркета Вондрушова го формираа првиот пар за четвртфиналето на Вимблдон. Ова е епилогот по досега завршените осминафинални дуели, кај дамите.

4-тата носителка Американката, Џесика Пегула за само 73.минути со 2:0 во сетови ја победи Украинката, Лесија Тсуренко, додека нејзината четвртфинална противничка Вондрушова по голема борба и со пресврт со 2:1 славеше во чешката пресметка со 32-та носителка Марија Бузкова. 

Продолжува сензационалниот настап на 16-годишната Русинка, Мира Андрејева која со победата над сонародничката Ана Потапова (22-носителка), обезбеди пласман во следната рунда во која за противничка ќе ја има американската ветеранка Медисон Кејс. 

Кај дамите за денеска останува да се одиграат уште два меча од осминафиналето во кои првата фаворитка  Ига Швјонтек за противничка ја има Белинда Бенчиќ од Швајцарија, а Русинката, Викторија Азаренја (19) ќе игра против Украинката, Елена Свитолина.