Македонските тенисерки денеска од 10 часот го играат финалниот дуел од Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот. Противник ни е селекцијата на Ерменија. Македонскиот тим во претходните пет кола забележа пет победи, а настапија Лина Ѓорческа, Магдалена Стоилковска, Ива Данева, Александра Симева и Ана Митевска:

1.коло: Албанија 3:0 (Стоилковска и Ѓорческа победи во сингл, Данева-Симева победа во дубл)

2.коло: Азербејџан 3:0 (Симева и Стоилковска победи во сингл, Данева-Митевска победа во дубл)

3.коло: Финска 2:1 (Стоилковска пораз, Ѓорческа победа, Ѓорческа-Стоилковска победа во дубл)

4.коло: Исланд 3:0 (Стоилковска и Ѓорческа победи во сингл, Данева-Симева победа во дубл)

5.коло: Молдавија 3:0 (Стоилковска и Ѓорческа победи во сингл, Данева-Симева победа во дубл)

Македонските девојки одиграа неколку тешки мечеви, а во финалето е потребна и поддршка од трибините за да се оствари целта – победа во годинашново натпреварување. Само победникот од дуелот Македонија – Ерменија ќе се пласира во Втората Евро-африканска зона.

Почетокот на дуелот е во 10 часот, а влезот е слободен.