Кошаркарите на Барселона поведоа и со (2:0) во победи против европскиот шампион Реал Мадрид во кошаркарското Ел Класико во финалната серија на Ендеса лигата на Шпанија.

Барселона славеше со 86:85 во неизвесен натпревар кој се решаваше преку слободни фрлања каде домашниот тим беше поуспешен.

Во последната минута се влезе со израмнет резултат, а потоа на сцена стапија кошаркарите на двете екипи кои преку пенал завршница го одличија победникот на овој меч. Најмногу може да жали Реал Мадрид бидејќи Таварез промаши три од неговите шест слободни фрлања што беше клучно на овој меч.

Реал имаше на крајот и шут за победа, но Серхио Љуљ беше непрецизен.
Реал иако имаше негатива по првото полувреме (45:43) во последниот дел направи пресврт и ја имаше најголемата разлика од (+6), (72:78), но Барселона до крајот сепак не дозволи и со своја серија поени повторно одржуваше минимална предност.

Па така сега Барселона е на чекор од титулата во Шпанската Ендеса Лига и со (2-0) во победи оди на третиот меч кој за два дена се игра во Мадрид.

Кај победникот Миротиќ беше најдобар со 25, а Весели постигна 18 коша. Кај Реал Мадрид Хезоња постигна 18, Љуљ даде 15, а Таварез 13 коша.

Третиот меч се игра на теренот на Реал во Мадрид во вторник од 21 часот.

Томислав Атанасовски