Магдебург е шампион во Лигата на шампионите откако во финалето го победи тимот на Киелце со 30:29 по продолжение.

Натпреварот стартуваше со еден гол на двете страни. Магдебург, со серија од 3-0, успеа да поведе со 4:1. Но, Киелце не дозволи да се зголеми предноста и во 12-тата минута израмни на 6:6. Со серија од 2-0, Киелце успеа да поведе со 12:10 предност што ја задржа и на полувремето (15:13).

Во второто полувреме, полскиот тим ја зголеми предноста на +4. Екипата на Киелце успеа да одржи минимална разлика, додека Магдебург се обидуваше да израмни. Голманот Волф со одличните десет одбрани не дозволи да се израмнат.

Натпреварот беше во прекин дваесетина минути поради несреќен случај на трибините, кога на еден од новинарите му се слоши. Медицинскиот тим брзо реагираше.

Во 52-та минута Магдебург успеа да израмни на 22:22. Последните 5 минути од натпреварот беа решавачки, каде се играше гол за гол. Во последните 20 секунди, Киелце имаше напад за победа, кој не го искористи, и следуваше продолжување од 10 минути. Првиот продолжеток Магдебург го заврши со 27:26. Потоа, во последните 5 минути од вториот продолжеток, Магдебург се обидуваше да ја одржи оваа разлика и успеа. Киелце имаше 20 секунди за да изедначи, но не ја искористи оваа шанса.

Ова за Магдебург е четврта титула европски првак по 1978 , 1981 и 2002 година. Килелце втора година по ред како поразени го завршуваат финалето.

Ивона Кимовска