Македонскиот тенисер Калин Ивановски денеска игра уште едно финале. На фјучрс турнирот во Скопје што се игра за награден фонд за 25.000 долари Ивановски во мечот за победничкиот пехар ќе игра против Французинот Саша Вајенбург. Двајцата тенисери на овој турнир беа рангирани како носители Калин како број 4, а Саша како број 3. Двајцата тенисери се врсници и имаат по 19 години, со тоа што Ивановски сега наполни 19 години (11.мај), а Вајенбург набрзо ќе полни и 20 години (1.август).

Досега во кариерата двајцата имаат одиграно приближно ист број мечеви Ивановски 119 (69 победи-50порази), а Вајенбург 125 (76-49). Разликата во пласманот е мала Вајенбург има освоено 115 поени и се наоѓа на 398.то место, а Ивановски 108 со поени е на 421.то место. Вајенбург најдобриот пласман го имаше на 17.април годинава кога беше 383.то место, а Ивановски најдобриот ранг го имаше на 22.мај – 415.то место.

Ивановски денеска ќе го игра своето седмо финале на првите три постигна победи и сите беа во 2022 година (Монастир, Хераклион и Мадрид сите на тврда подлога), додека оваа година ги загуби финалните мечеви (Монастир два и Куршумлијска Бања). Три титули има и Вајенбург во 2022 година во Ајачио и 2023 година во Поитер и Лон Ле Соние, сите на тврда подлога, а има и два пораза во првите два финални меча Оберхачинг и Гренобл.

Финалистите на фјучрсот во Скопје имаат одиграно еден меч годинава на фјучрсот во Потер во полуфиналето победи Вајенбург со 62 и 76(8), а Ивановски во вториот сет имаше водство од 5:1 во гемови. Францускиот тенисер заедно со сонародникот Антоан Оанг победија во конкуренција на двојки на скипскиот фјучрс М25 откако во финалето ги победија Јанаки Милев и Петр Нестеров од Бугарија. Но, најтешката победа ја постигнаа во првото коло кога ги совладаа македонските тенисери Калин Ивановски и Берк Бугариќ со 2-1 (67(5) 76(12) 10-7 на поени, притоа Ивановски Бугариќ не искористија четири меч топки.

Патот до финалето ИВАНОВСКИ:
1.коло Тибо Колсон (Белгија) 2-1 (46 62 64)

2.коло Ален Бил (Хрватска) 2-0 (60 60)

1/4 финале Мирза Башиќ (БиХ) предаде Башиќ

1/2 финале Ерги Киркин (Турција) 2-1 (36 62 62)

Патот до финалето ВАЈЕНБУРГ:
1.коло Јоанис Ксилас (Грција) 2-0 (60 62)

2.коло Давуд Амиров (Русија) 2-0 (63 62)

1/4 финале Неил Оберлеитнер (Австрија) 2-0 (61 62)

1/2 финале Вито Тонејц (Хрватска) 2-0 (76(5) 61)

Победникот на турнирот ќе освои 25 поени, а финалистот 16. Од наградниот фонд 3.600 долари се за победникот, а 2.120 за поразениот во финалето.

Почетокот на финалниот меч е 13 часот, а влезот е слободен.