Тениската публика во Македонија го поздрави успехот и победата на Калин Ивановски на скопскиот фјучрс, воедно прекрасно беше да се види теренот исполнет со гледачи кои го бодреа младиот македонски тенисер. По завршувањето на мечот и за време на церемонијата на доделувањето на пехарите Калин Ивановски напомена:

Не знам што да кажам, немам зборови. Сакам да се заблагодарам на сите што дојдоа и што ми даваа поддршка за време на целиот турнир. Организацијата беше одлична благодарност до сите кои во направија овој турнир голем за Македонија. Честитики и за Саша (финалистот) имаше одлична недела тука во Скопје. Одигравме одлично финале, но јасно е дека само еден може да победи. Се надевам дека повторно ќе се сретнеме.

Ивановски веќе утре патува за Кипар со селекторот Горан Шевченко, каде во следната недела го очекуваат мечеви како дел од Дејвис куп репрезентациата на Македонија.

Репрезентацијата веќе е во Кипар и со нетрпение очекувам да им се придружам и едвај чекам да заиграм за Македонија во Дејвис купот повторно, истакна Ивановски.

Ивановски на најновата ранг листа ќе има скок од девет позиции и ќе треба да биде 412.то место што би бил негов најдобар ранг.