Полската тенисерка, Ига Швионтек, ја одбрани титулата на Роланд Гарос, откако денеска во финалето ја совлада чешката тенисерка Каролина Мухова со 2-1 (6:3, 5:7, 6:4).

Натпреварот траеше два часа и 49 минути. Двете тенисерки досега имаат одиграа само еден меѓусебен натпревар, кој го освои Мухова во 2019-та година во Прага по пресврт.

Ига го отвори фантастично првиот сет, во кој дојде до рана предност од 3:0 во гемови. Мали беа шансите за тенисерката од Чешка, и првиот сет го доби Ига Швионтек со 6:3.

Актуелната шампионка го отвори вториот сет на ист начин како и првиот (3:0). Но, во игра се врати Мухова која подоцна поведе со 5:4. Искористувајќи ја третата можност за сет во последниот гем, Мухова го доби вториот сет и изедначи на 1-1.

И покрај тоа што Ига губеше со 3:4 во текот на третиот сет, сепак конечниот исход во гемови беше на нејзина страна (6:4). Ига Швионтек поведе со 2-1 во сетови и го доби овој натпревар.