Машката одбојкарска репрезентација на Македонија е поразена од Белгија во четвртиот натпревар на Европската Златна лига. На гостувањето во Шарлероа, а во рамките од Б групата, Белгија славеше со навидум убедливи 3:0, но не беше така.

Одлично го отворија мечот нашите одбојкари и имаа пет поени предност (8-3). Го контролираа резултатот се до 19-19, а потоа снемаа сили за завршницата.  Со неколку грешки им дозволија на домаќините да го освојат сетот на разлика со 27-25.

И во вториот сет речиси иста слика. Но, разликата во него беше +43 за Белгијците. Избраниците на Миленковски го свртеа резултатот и поведоа со 16-14, но одново недостасуваше завршница па и тој сет им пропадна на домашните одбојкари со 25-23.

Во третиот сет, нашите одбојкари беа најблиску да го освојат. Имаа две меч топки при резултат 24-22. И наместо на ја намалат предноста и да го одведат мечот во четврти сет, им дозволија на домаќините со четири поени во низа да го добијат и тој сет со 26-24 со конечни 3:0.  Белгија сега изби пред нашата селекција на табелата.

Белгијците се втори со 6 бодови, три зад =лидерот Украина, додека нашата селекција сега е трета и остана на 5 бодови, а Хрватска е последна со 1.

Токму Хрватска е следниот противник на  нашите одбојкари и тоа во мечот што ќе се игра во среда (14 јуни) во Задар.