Екипата на Барселона славеше победа во дуелот со 84:81 во првиот натпревар од полуфиналето на шпанската кошаркарски АЦБ лига.

Натпреварот што изобилуваше во прекрасни кошаркарски потези, атрактивни забивања и 16  постигнати тројки, секако ќе остана забележан од моментот кога Томас Саторански реализира тројка.

И тоа не е ништо чудно кога во прашање е одличниот чешки репрезентативец, туку начинот на кој го стори тоа.

Имено, Саторански во обид под кошот на противникот да го проигра Миротиќ, сосема случајно успеа да ја уфрли топката низ обрачот, за три поени за Барса.

И кога ќе го погледнете конечниот резултат 84:81, се добива впечаток дека токму три поени на Саторански го „решија“ исходот.