Осум македонски тенисери во сингл конкуренција и еден дубл ќе бидат денеска на терените на ТК Југ во рамки програмата мечеви од првото коло во двете конкуренции. Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски (19 год., 421 АТП) кој е носител број 4 ќе игра против Тибо Колсон од Белгија (22, 579).

Обрад Марковски (22,1166) кој веќе оствари победа во двојки за ривал го доби квалификантот кој беше прв носител Лазар Војновиќ од Србија (24,1635). Берк Бугариќ (19,1740) истотака ќе игра против квалификант, Нини Габриел Дица од Романија (22), кој во финалето од квалификациите го совлада нашиот Стефан Мицов.

Својот прв настап ќе го имаат и нашите млад тенисери Амар Хусеиновиќ и Марко Стоилковски. Хусеиновиќ (16) ќе игра против Тимур Биелдиугин од Украина (17) кој ги мина успешно квалификациите. Стоилковски (18) за ривал го има квалификантот Лука Петровиќ (20,1802) од Велика Британија.

Бесир Дургути (29) во првото коло ќе игра со Русинот Давуд Амиров (24), кој преку квалификациите стигна до главниот турнир.

Секако посебен меч на теренот број 8 ќе биде дуелот на македонските тенисери Томислав Јотовски (32,1952) против Горазд Србљак (25,1133).

Во конкуренција на двојки Стефан Мицов и Шендрит Деари ќе играат против носителите број 4 Мирза Башиќ и Миљан Зекиќ.

Распоред на мечевите – 7.јуни среда:

Централен терен – почеток 9:30 часот
Амар Хусеиновиќ (Македонија) – Тимур Биелдиугин (Украина) – 1.коло сингл
Миљан Зекиќ (1,Србија) – Џереми Џан (Германија) – 1.коло сингл (не пред 11 часот)
Калин Ивановски (4,Македонија) – Тибо Колсон (Белгија) – 1.коло сингл не пред 12:30 часот
Шендрит Деари, Стефан Мицов (Македонија) – Мирза Башиќ (БиХ), Миљан Зекиќ (4,Србија) – 1.коло двојки не пред 14:30 часот

Терен број 5 – почеток 9:30 часот
Лука Петровиќ (В.Британија) – Марко Стоилковски (Македонија) – 1.коло сингл
Лазар Војиновиќ (Србија) – Обрад Марковски (Македонија) – 1.коло сингл не пред 11 часот
Берк Бугариќ (Македонија) – Нини Габриел Дица (Романија) – 1.коло сингл не пред 12:30 часот
Доминик Граф (Германија) Ерги Киркин (5,Турција) – 1.коло сингл не пред 14:30 часот

Терен број 6 – почеток 9:30 часот
Вилсон Леите (6,Бразил) – Вито Тонејц (Хрватска) – 1.коло сингл
Петр Нестеров (Бугарија) – Матс Росенкранц (7,Германија) – 1.коло сингл не пред 11 часот
Ханс Алберт Шуберт (Чиле) – Ален Бил (Хрватска) – 1.коло сингл не пред 12:30 часот
Јанаки Милев, Петр Нестеров (3,Бугарија) – Вилсон Леите (Бразил), Тоби Мартин (В.Британија) – 1.коло двојки

Терен број 8 – почеток 9:30 часот
Тоби Мартин (Б.Британија) – Антоан Оанг (2,Франција) – 1.коло сингл
Давуд Амиров (Русија) – Бесир Дургути (Македонија) – 1.коло сингл не пред 11 часот
Томислав Јотовски (Македонија) – Горазд Србљак (Македонија) – 1.коло сингл не пред 12:30 часот
Паришит Сомани (1,Индија), Адам Тејлеор (Австралија) – Давуд Амиров (Русија) – Умберто Мариа Џиованини (Италија) – 1.коло двојки