Последен ден на Светското првенство во ракомет и последни четири натпревари. Секако сите светла се насочени кон големото финале меѓу Данска и Франција што ќе се игра во Теле 2 Арена во Стокхолм од 21 часот. Ова ќе биде петти пат овие две репрезентации во дирекетен дуел да решаваат за златниот медал на големо натпреварување.

Данска е актуелен светски првак со низа од 27 натпревари без пораз на светските првенства и ќе се обиде да стане прва репрезентација која трипати едноподруго ја освојува титулата.

Франција пак со титулата олимписки шампион сака на најдобар можен начин да ги дочека Олимписките игри во Париз 2024 година, а подобра најава од светска титула и не постои.

Франција е рекордер и со шест титули и со само едно загубено финале (1993 година од Русија). Данска има две светски титули и претходно три порази во финалните натпревари (1967 – Чехословачка, 2011 Франција и 2013 Шпанија).

Во „малото финале“ за бронзата од 18 часот ќе играат: Шпанија и Шведска.

Како најава на дуелите за медалите се и натпреварите за пласман: за 5.место (Германија – Норвешка) почеток 13 часот и за 7.место (Египет – Унгарија) почеток 15:30 часот.