Македонската репрезентација до 21 година на 12. ноември против Србија ќе одигра контолен натпревар во Нови Сад.
За мечот против силната Србија на стадионот „Караѓорѓе“, селекторот на нашата репрезентација, Александар Таневски повика 24 фудбалери

Селекторот Александар Таневски очекува тежок предизвик за нашите фудбалски надежи против многу квалитетен ривал.
„Нè очекува сериозен тест против исклучително квалитетна селекција. Србија е домаќин на Европското првенство до 21 година и со овој состав има високи амбиции, што го прави натпреварот одлична можност да ги провериме нашите можности против силен противник“, изјави Таневски.
Тој нагласи дека пристапот кон овој контролен дуел мора да биде максимално сериозен и одговорен. Фокусот на стручниот штаб е ставен на младите таленти кои треба да бидат идни носители.
„Поголемиот дел од нашиот состав го сочинуваат фудбалери родени во 2006 и 2007 година“, потенцираше селекторот.
Иако станува збор за пријателски натпревар, за нас тој има големо значење“, заклучи Таневски во својата изјава.
Овој тест ќе даде појасна слика за формата на тимот во пресрет на идните предизвици.




































