Време е за финале, Ѓоковиќ против Циципас, за трофејот на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас ќе играат за првиот трофеј на турнирите од „големата четворка“ односно Гренд-слемот Австралија опен.

Ѓоковиќ кој во Мелбурн настапува како трет носител до своето јубилејно 10-то финале стигна со триумфот во три сета над Американецот, Тони Пол, па по рекорден 32-ри пат ќе игра во завршниот меч на Гренд-слем турнирите.

„Се чувствувам навистина одлично. Јас сум на 110% од моите сили. Циципас, се гледаме во финалето. Многу го почитувам и мислам дека е еден од најинтересните тенисери на АТП турот. Во недела и двајцата ќе имаме своја работа, нека победи подобриот“, изјави по полуфиналниот дуел Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ кој досега нема загубено финале во Мелбурн, ќе атакува на 10-тата титула на Австралија опен, а вкупно 22-ра на турнирите од „големата четворка“ односно Гренд-слемите.

Гркот, Циципас кој ја има улогата на трет носител по голема борба го доби (18-носител) Карен Хачанов со 3:1 во сетови во полуфиналето.

Со тоа грчкиот тенисер се избори за своето второ финале на Гренд-слем турнирите, откако пред две години (2021) прва пат играше за трофејот на Роланд Гарос.

„Сметам дека никогаш не сум бил поподготвен да се борам против човек кој толку пати бил во финале. Ова е одлична шанса за мене, верувам во тоа што го работам и тоа е повеќе од доволно. Можеби нема да излезе како што јас сакам, но јас ќе дадам свој максимум“, изјави Циципас.

Финалниот меч меѓу Ѓоковиќ и Циципас ќе се игра во недела наутро во 9 часот и 30 часот.