Највозбудливиот натпревар во рамките на 20. коло во Француското првенство, дерби натпреварот помеѓу трето и четврто пласираните екипи, Марсеј и Монако заврши без победник, 1-1.

Несмасниот потег на Џордан Верету и автоголот во 17-та минута донесе предност на гостите од Монако. Долго време избраниците на Игор Тудор се обидуваа да го неутрализираат овој пропуст на нивниот везен играч, за да во 47-та минута стариот мајстор, Чилеанецот, Алексис Санчез сочека одбиена топка и ја смести во голот Нубел за израмнува 1-1.

Марсеј беше многу пооопасен а во два наврати ја погодија и конструкцијата на голот преку штевите на Балерди и Пајет, но мрежата на Нубел не се затресе по втор пат, за конечни 1-1.

Со овој нерешен резултат Марсеј останува на третата позиција со 43 поени, додека пак Монако е четврти со 38.