На првиот годинашен Гред-слем тениски турнир Австралија Опен, остануваат да се одиграат само уште финалните натпревари во двете конкуренции.

За трофејот кај дамите утринава ќе се борат, 5 носителка Белорусинката Арина Сабаленка и актуелната шампионка од Вимблдон, Елена Рибакина од Казахстан.

Финалниот меч започнува во 9 часот и 30 минути, термин во кој утре (недела) во машкото финале ќе играат деветкратниот победник во Мелбурн, Србинот, Новак Ѓоковиќ и грчкиот тенисер Стефанос Циципас за кого утрешното ќе биде само второ финале на турнирите од „големата четворка“.