Избраниците на Пеп Гвардиола ја прекинаа одличната серија резултати на Арсенал во дерби натпреварите и ги исфрлија од Фа купот на Англија.

Арсенал беше во одличен ритам откако во една недeла славеа големи победи против Тотенхем и Манчестер Јунајтед, но вечерва ,,Граѓаните” беа поквалитетен тим и заслужено се пласираа во следната фаза од ФА купот.

Стрелец на победничкиот гол на натпреварот беше дело на Нејтан Аке во 64-тата минута, по асситенција на Џек Грилиш.

,,Граѓаните” се првиот тим кој обезбеди пласман во осминафиналето од ФА купот, додека пак останатите натпревари од 1/16 ќе се играат викендов.