Сабаленка без загубен сето во финалето на Австралија опен

Арина Сабаленка е втората тенисерка која се пласира во финалето на Отвореното првенство на Австралија.

Белорусинката која е петта носителка на овој турнир до големото финале стигна без загубен сет. Таа и четвртфиналниот меч против Магда Линете го доби во два сета.

Само во првиот сет полската тенисерка пружи отпор и тоа играјќи максимални 13 сета, за во тај-брејк, Сабаленка за го освои сетот со 7-1 на поени. Во продолжението фаворитката отвори со два брејка, па лесно го доби сетот со убедливи 6-2.

Така во финалето закаќано за во сабота наутро (9:30 часот) Сабаленка за противничка ќе ја има актуелната шампионка од Вимблдон, Елена Рибакина од Казахстан која во полуфиналето ја елиминира Белорусинката, Викторија Азаренка со 2-0 во сетови.