Македонија ќе биде ко-организатор на машкото Европско одбојкарско првенство, кое покрај во нашиот главен град ќе се игра уште во седум други и тоа во Италија, Израел и Бугарија, во периодот од 28 август до 16 септември.

Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ), денеска ги објави термините за натпреварите по групи.

Скопје е домаќин на Ц групата, во која покрај нашата селекција ќе играат Полска, Холандија, Чешка, Данска и Црна Гора.

Македонските одбојкари своите натпревари ќе ги играат во СЦ „Борис Трајковски“ и тоа во вечерниот термин, исклучок на претпоследниот меч со Холандија

Распоред на натпреварите на Македонија на ЕП во Скопје:
30.08.2023 МАКЕДОНИЈА – Данска       (20:00 часот)
02.09.2023 МАКЕДОНИЈА – Црна Гора  (20:00 часот)
03.09.2023 МАКЕДОНИЈА – Полска       (20:00 часот)
05.09.2023 МАКЕДОНИЈА – Холандија   (17:00 часот)
06.09.2023 МАКЕДОНИЈА – Чешка         (20:00 часот).

Комплетниот распоред во нашата „Ц“ група може да во видите на овој линк

Пласман во осминафиналето ќе обезбедат прворангираните четири селекции.