Елена Рибакина е првата која обезбеди пасман на Гренд-слемот во Мелбурн.
Казахстанската тенисерка во првиот полуфинален меч на Австралија Опен ја совлада Белорусинката, Викторија Азаренка, во два одиграни сета.

Во првиот сет се одиграа максимални 13 гема, а Рибакина го доби со 7:4 но поени во тај-брејк. Затоа пак во вториот,  актуелната шампионка од Вимблдон, беше уште подобра, па на противничката и дозволи да освои само три гема (6:3).

Рибакина за која ова е второ Гренд-слем финале го чека исходот од вториот полуфинален меч меѓу 5-носителка Белорусинката, Арина Сабаленка и Магда Линете од Полска.