Олимпискиот првак Франција и европскиот првак Шведска се изборија за полуфиналето на Светското првенство откако во вечерашните дуели ги совладаа Германија односно Египет. Домаќинот Шведска го победи Египет со 26:22, иако во првиот дел репрезентацијата од Африка беше конкурентна и водеше. Сепак шведските ракометари ја потврдија фаворитската улога и се изборија за ново полуфинале.

Франција пак постигна победа од 35:28 над Германија, иако на полувреме беше 16:16, а во најголем дел од првото полувреме водеше Германија. Сепак во вториот дел благодарение на голманот Дебоне Франција стигна до триумф.

Во полуфиналето во петок во Стокхолм ќе играат Шведска и Франција, додека во Гдањск ќе се состанат Шпанија и Данска.