Големо изненадување се случи во денеска во Мелбурн. Во меч од 4.коло на Австралија опен, заврши настапот на најдобро рангираната светска тенисерка и бранителка на трофејот во Мелбурн од минатата година Ига Швјонтек.

За тоа се погрижи Елена Рибакина која за само 90 минути ја совлада полската тенисерка во два сета со идентични 6:4 .

Со тоа Рибакина стана првата тенисерка од Казахстан која обезбедила пласман во четвртфиналето на Австралија опен, исто како и нејзината противничка во следната рунда Јелена Остапенко.

Летонката, со 7:5 и 6:3 славеше во дуелот со 8-носителка Американката, Коко Гоф која новата сезона ја почна со низа од осум победи.

Пласман меѓу осумте најдобри во Мелбурн обезбеди и Џесика Пегула по победата со 7:5 и 6:2 над Барбора Крејчикова од Чешка.

Нејзина противничка во четвртфиналето ќе биде подобрата од мечот кој е во тек, а во кој Белорусинката, Викторија Азаренка игра против Лин Жу од Кина. Во тек е третиот решавачки сет, откако првиот го доби Азаренка со 6-4, а вториот Жу со 6-1.