Норвешката гол-машина во тимот на Сити, повторно блесна постигнувајќи нов хет-трик, овој пат против Вуверхемптон, за победа од 3-0.

Со овој хет-трик, Ерлиг Халанд дојде до импресивни 25 погодоци на 19 натпревари оваа сезона, што го прави убедливо најдобар стрелец во Премиер Лигата.

Ако пред почетокот на сезоната постоеше дилема, како Халанд ќе се справи во дефанзивците во Премиер лигата, сега се поставува прашањето, до каде ќе оди Норвежанецот?

Неговиот учинок е толку импресивен, што е на само 9 погодоци од апсолутниот рекорд на Енди Кол и Ален Ширер, кои имаат по 34 погодоци во една сезона, а му треба уште еден хет-трик да изедначи уште еден рекорд на Ширер, кој има пет во една сезона.

Со оваа победа, Манчестер Сити повторно фати победнички ритам и врза две победа по ред, останувајќи во чекор со лидерот, Арсенал, кој денес игра дерби натпревар против Манчестер Јунајтед.