На првиот годинашен Гренд слем тениски турнир Австралија опен, денеска во машка конкуренција се одиграа четири меча од четвртата рунда.

Неверојатен меч што траеше повеќе од четири ласа одиграа Стефанос Циципас и Јаник Синер.

Грчкиот тенисер кој е трето рангиран на Австралија опен го доби мечот со 3:2. Првите два сета Циципас ги реши во своја полза со 6-4 и 6-4, но Синер возврати со иста мерка добивајќи ги следните два со 6-3 и 6-4-6. Во решавачкиот трет сет клучен беше шестиот гем во кој Гркот направи брејк, а потоа го доби сетот со 6-3, за конечни 3:2 во сетови.

Циципас за противник во четвртфиналето ќе го има Чехот Јири Лехечка кој исто така во интересен меч го елиминира 6-от фаворит, Канаѓанецот Агуер-Алиасиме со 3:1 во сетови.

Настапот во Мелбург го заврши 10-носител Полјакот, Хуркач кој загуби во пет сета од Американецот, Корда во мечот во кој победникот беше решен во тај-брејк во петтиот сет.

Корда кој е 29-то рангиран на Австралија опен, во четвртфиналето за противник ќе го има Русинот, Карен Кхачанов кој лесно со 3:0 го победи Јапонецот, Нишиока.