Првиот ден на Австралија опен, минува без големи изненадувања.

Бранителот на трофејот од лани, Рафаел Надал одигра четири сета во мечот со Британецот, Драпер.

Шпанецот тешко го доби првиот сет со 7-5, а вториот го загуби со 6-2. Но, Надал кој и годинава е 1-ностител во следните два одигра на свое ниво и ги реши во своја полза со 6-4 и 6-1.

Од останатите носители.

(3-тиот) Гркот, Стефанос Циципас и 11-тиот Камерон Нори во три сета беа подобри од Французите, Квентин Халис и Лука Ван Аше, додека (6) Агуер Алиасиме го доби сонародникот Посписил со 3-1.

Пласман во втората рунда обезбедија и Американецот, Тиафо (16-носител) и Русинот, Кахчаров (18), додека Хрватот, Чориќ кој беше 21-во рангиран во Мелбурн, го заврши својот настап по само еден одигран меч.


И кај дамите, фаворитките немаа проблеми.

Првата, Ига Швјонтек од Полска со 2-0 ја мина Германката, Нимаер.

Американките, Џесика Пегула (3) и Коко Гоф (7) одиграа само по два сета во дуелите со Романката, Кристан и Синакова од Чешка. Затоа пак нивната сонародничка Колинс која е 13-то рангирана се изнамачи во дуелот со Русинката, Калишкина која го доби првиот сет со 7-7, но Американката возврати со 7-5 и 6-4.

Во второто коло од фаворитките се пласираа: (6) Марија Сикари, Грција, (15) Петра Квитова, Чешка, (24) Викторија Азаренка (Белорусија),