Лазаров искрен – Ние немавме карактер…

По двата порази од Норвешка со 12 и вчера од Холандија со 10 гола разлика, македонските ракометари се во ситуација, да мораат да ја победат Аргентина во последното 3.коло во Ф групата, доколку сакаат да ја исполнат целта, пласман во следната, главна фаза на првенството.

На „Гаучосите“ доволен им е и нерешен резултат имајќи во предвид дека тие вчера од Норвешка загубија со 11 разлика, а претходно од Холандија со 10 разлика, па сега имаа вкупно еден примен гол помалку од нас.

Но. Ќе можат ли ваквиот притисок да го надминат избраниците на селекторот Лазаров е дилема, особено што на прес конференцијата по натпреварот со Холандија, селекторот Лазаров рече, дека неговите избраници немале победнички карактер.

„Може да изгубиш еден натпревар од подобар тим, но мораш да имаш карактер. Ние го немавме, тој карактер во двата натпревари. Мораме да смениме многу доколку сакаме да го добиеме следниот натпревар“, изјави Лазаров.

И еден од најискусните во нашиот тим Дејан Манасков се согласува со ваквата констатација, на селекторот. 

Тешко е да се поверува дека за 24 часа ќе може да го смениме менталитетот и карактерот на поединци, но од друга страна познат е и македонскиот инает.

Ќе успеат ли да го најдат тоа ракометарите и да забележат победа над Аргентина останува да видиме во утрешниот меч што е закажан за во 18 часот,