Финалната серија од кошаркарскиот плеј-оф започнува во денеска навечер со првиот натпревар во спортскиот центар „Јане Сандански“.
По триесет и трети пат во историјата на домашното првенство ќе се одлучува кој ќе го подигне шампионскиот пехар. За престижниот трофеј во серијата „подобар од пет“ натпревари ќе се борат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Маџари.
Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром во ова финале ќе атакува на својот тринаесетти пехар во клупската историја. Нивниот противник Маџари за првпат ќе се обиде да стигне до престижниот ракометен и кошаркарски трон во Македонија.
Тимот на Маџари обезбеди пласман во големото финале откако во полуфинална фаза во два меч го совлада најдобриот тим од регуларниот дел, ТФТ.
Од друга страна, бранителот на титулата МЗТ Скопје мораше да го одигра максималниот број на натпревари против Пелистер. Аеродромци дури по три исцрпувачки дуели успеаја да ја скршат финалната бариера против незгодните битолчани. За искусниот состав на МЗТ Скопје Аеродром ова ќе биде вкупно дваесетта финална серија во клупскиот историјат.
Првиот натпревар започнува во 20.30 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇


























