Во 25. коло од женската ракометна Супер лига, екипата на Ѓорче Петров гостуваше кај Астибо во Штип и забележа убедлива победа со 46:24.
Натпреварот започна израмнето, а двете екипи беа резултатски блиску до 12-тата минута. Тогаш Ѓорче Петров со серија од 3:0 успеа да се одлепи на 7:4, по што гостинките целосно ја презедоа контролата на теренот. Со нова серија од 5:0 во 16-тата минута стигнаа и до високи +7 (12:5), а до крајот на првото полувреме само ја зголемуваа предноста. На паузата се замина со убедливи 25:14 за шампионот.
Во второто полувреме немаше никаква промена на односот на силите. Ѓорче продолжи со доминацијата, па во 39-тата минута поведе со 29:19. Домашниот тим немаше решение за расположените гостинки, кои во 50-тата минута стигнаа и до највисоки +14 (36:23). До самиот крај Ѓорче Петров ја одржуваше високата предност и заслужено славеше со конечни 46:24.
Пета во низа вкупно 22 титула за „Лавиците“
Со овој триумф „Лавиците“ од Ѓорче на три кола до кракот на првенството ја обезбедија новата, петата, шампионска титула во низа. За Ѓорче Петров тоа е вкупно 22 шампионски трофеј во македонското првенство.
Ивона Кимовска



































