Актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром е вториот финалист во кошаркарскиот шампионат на Македонија.

До своето 20-то финале, а 14-то во низа, МЗТ стигна до две победи во полуфиналето против Пелистер.

Дуелот број 3 од полуфиналето одигран вечерва во ,,Јане Сандански” заврши со триумф на МЗТ со 87-58 .

Првото полувреме мина во израмнета игра. Двете екипи добија по една четвртина, првата домаќините, а втората гостите. По 20.минути игра резултатот беше нерешен 37-37. Решавачка се покажа третата четвртина во која МЗТ направи 24 поени разлика. Тоа благодарение на катастрофалната офанзивна игра на пелистерци кои во тој квартал постигнаа само 5 поени.

Противник на МЗТ Скопје во финалето ќе биде сензацијата и дебитант во суперлигашката конкуренција Маџари.

Следете нé на социјалните мрежи