Кливленд Кавалирс направија голем пресврт и поведоа со 3-2 по полуфиналето на Истокот против Детроит Пистонс.

Кливленди стигна до третата победа со конечни 117:113 на гостински терен, а натпреварот решен по дополнителните пет минути.

Се играше израмнето, а Пистонс имаа серија од 15:2 и водство 100:91 четири минути пред крајот. Сепак, Кливленд се врати и израмни преку слободните фрлања на Мобли на 103:103. Во продолжението Кавалирс постигнаа девет од првите 11 поени и ја презедоа контролата. Харден и Мобли беа прецизни од линијата за слободни фрлања во завршницата.

Џејмс Харден одигра блескаво со 30 поени, осум скокови и шест асистенции. Донован Мичел додаде 21 поен, а Макс Струс имаше 20 поени и осум скокови. Еван Мобли беше близу до трипл-дабл со 19 поени, осум скокови и осум асистенции. Џарет Ален постигна 16 поени и десет скокови за сигурен дабл-дабл.

Кај Детроит, Кејд Канингем беше најдобар со 39 поени, седум скокови и девет асистенции. Поддршка доби само од уште тројца со двоцифрен учинок.

Серијата се сели во Кливленд за шестиот натпревар. Пистонс мора да реагираат ако сакаат да избегнат елиминација по три порази во низа.

Њујорк Никс веќе обезбедија финале на Истокот со 4-0 против Филаделфија. Тие го чекаат победникот од оваа драматична серија.