Дека има потенцијал за големи резултати младиот колектив на РК Алкалоид потврди во саботата со победата над актуелниот шампион Вардар.

Тимот од Автокоманда е еден од најмладите во лигата, со бројни репрезентативци во сите категории, ракометари кои се внимателно одбрани и кои со своите квалитети и потенцијал, ветуваат многу.

За голем дел од нив сме читале, гледале, извештаи, анализи, за нивните настапи на теренот, но ретко кој знае нешто повеќе од нивниот приватен живот, како, зошто го одбрале ракометниот пат, кои се нивните омилени ликови, јадења, каде се гледаат себеси во и надвор од ракометната игра.

Ние веќе ви го претставивме Марко Стојковиќ, во серијалот на на промоција, со кој сакаме да им обрнеме поголемо внимание, заслужено се разбира со постигнатите резултати и настапи, на млади талентирани спортисти, кои Македонија ги има во изобилство.

Македонската спортска јавност, сака да знае вакви „пикантерии“, кои се ја даваат вистинската слика за секој спортист поединечно, каква личност е и кои се неговите животни цели.

Прв на „жешкото“ столче на седумте метри, денеска ќе седне Игор Ѓоргиев.Следете, видете и дознајте повеќе за капитенот на РК Алкалоид.

Сето ова ќе можете да го дознаете и видите во серијалот насловен како
„На 7 метри со…“.