Од денеска до недела во Софија, двете најмлади македонски кошаркарски селекции до 14 години ќе имаат свои настапи на меѓународниот турнир кој е дел од заедничката програмата неколку федерации, а под „капата“ на ФИБА, насловен како „Заедно до 16 години“.
Нашите селекции ќе играат против врсниците Бугарија, Романија, Турција и Косово.
Први денеска настапуваат девојчињата кои од 14 часот ќе играат против домашната селекција на Бугарија, која ќе биде и првиот противник на момчињата во терминот од 16 часот.
Утре во истите термини следуваат дуелите против селекциите на Косово, а во петок ќе играат против Турција (од 18 и од 20 часот), а настапот во сабота и натпреварите против романските селекции се повторно во термините од 14 и од 16 часот.
Сите натпревари на нашите кошаркарски надежи можете да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.