Четвртиот ден на Европското првенство за кошаркари носи дуели од 3.коло во Ц и Д групите во Лимасол и Катовице. Два од нив веќе завршија тоа со победи на Словенија и Грација.
Репрезентацијата на Словенија ја впиша првата победа во Д групата.
Откако беа поразени од Полска и Франција, денеска Словенците ја совладаа Белгија со 86-69. Лука Дончиќ со трипл-дабл ефект со 24 поени, 11 асистенции и 10 скокови ги предводеше Словенците до оваа победа со која останаа во игра за осминафиналето.
Во другите два натпревари од групата ќе се сретнат, Франција – Израел и Полска – Исланд.

Во групата Ц во Лимасол, Грција стигна до третата победа и уште сега обезбеди осминафинале.
Грците славеа лесно и убедливо над Грузија со 41 поен разлика (94-53). Јанис Антетокумпо очекувано беше прво име во победнипкиот тим, постигнувајќи 28 поени на кои додаде 8 скокови и 4 асистенции.
Во оваа група денеска играат и Шпанија – Кипар и Италија – БиХ.

ФОТО: ФИБА



































