Македонските кадети го впишаа вториот пораз во „Б“ дивизијата на ЕП во Скопје, за кошаркари до 16 години.
Во натпревар од втората рунда на Б групата, Македонија денеска загуби и од Ирска со 67-70.
И овојпат нашите млади надежи од готово да направат вересија, а пак „прокоцкаа“ предност од 13 поени.
Во првото полувреме двете репрезентации има свои добри и лоши периоди на игра. На почетокот Ирците беа оние кои ја наметнаа својата игра. Имаа противниците седум поени предности, но четвртината и припадна на Македонија со поен плус 21-20. Во вториот квартал, жолто-црвените во неколку наврати водеа со осум поени предности, но на одмор заминаа со +5 (43-38).
Она што го одиграа фантастично во третиот квартал, го „прокоцкаат“ во четвртиот. Македонија третата четвртина ја доби со 13-5 па во последните 10 минути влезе со 13 поени предности. Но, како и вчера во дуелот против Кипар, одново избраниците на Нермин Пепиќ потклекнаа во последниот квартал. Неверојатно лошо го одигра и го загубија 11-27. Така Ирците се радуваа на својата втора победа, наместо ние на првата.
Овој пораз Македонија практично ги загуби шансите ќе го направи за пласман на првите две позиции што водат во четвртфиналето.
Утре, во рамките од 3.моло младите македонски кошаркари ќе играат против врсниците од Полска.
И тој, како и досегашните и наредни натпревари, Македонија ќе ги игра во СЦ „Јане Сандански“ во терминот од 18.30 часот.




































