Вториот натпревар од новата сезона во ПМФЛ, го донесе вечното дерби меѓу скопкси Вардар и Битолски Пелистер.
Во прекрасна атмосфера, на арената „Тодор Проевски“, а на радост на домашните навивачи, Вардар го совлада Пелистер убедливо со 4-1 .
Првата голема шанса ја имаше Омерагиќ, кој од идеална прилика не успеа да го загрози посериозно Ѓорчески. Гостите од Битола се заканија во 22.минута, но вардаровиот голман Талески беше внимателен. Во 34-тата минута, Талевски уште еднаш го спасуваше вардаровиот гол и тоа по двојниот обид на Ристиќ. Вардарци повеќе ја контролираа топката, но пелистерци беа поконкретни. Во 42.,минута од далечина се закани и капитенот на зелено-белите Ивановски, но неговиот удар заврши крај голот.
Она што не го искористија гостите, домаќините го казнија и тоа во судиското дополнение. Се играте третата минута од продолжението (45+3), кога 19 годишниот Димитар Талев на ефектен начин му донесе водство на Вардар од 1-0.
Второто полувреме донесе по динамична и ефективна игра од првото. Шанси имаше насекаде и се постигнаа 4 гола.
Вториот гол за Вардар го постигна Мато во 50.та минута. Во 65.та минута Пелистер израмни на 2:1 со голот на Булатовиќ. Малку надеж кратко имаше Пелистер, бидејќи во 80.та минута Димитар Данев го постигна својот втор гол на натпреварот и резултатот го однесе на 3:1. Конечните 4:1 ги постави Диего Кастагена во 91.та минута, кога со мајсторски потези го матираше голманот Андреј Јовчевски и стави крај на мечот на националната арена „Тодоре Проевски”.Новата сезона започна со најдобар ред за црвено-црните и Вардар ќе преноќи на втората позиција за сега по овој триумф над вечниот ривал Пелистер.
Потсетување дека во премиерниот натпревар од новатра сезона, шампионот Шкендија убедливо со 5-1 го совлада Шкупи.
Во наредните три дена ќе се играат и останатите натпревари.




































