Со натпреварот одигран попладнево во Тетово, во кој Шкендија го пречека Шкупи, стартуваше новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Очекувано, актуелниот првак, тимот на Шкендија со победа од 5-1 ја почна одбраната на титулата.

Рамадани во осмата минута со прекрасен го го отвори резултатот за водство на Шкендија од 1-0.
Но, веќе во 14-тата минута гостите од Скошпје стигнаа до израмнување. Нерешителноста на домашната одбрана ја казни Малик Хајвали за израмнување на 1-1.

Кратко траеше радоста на тимот од Чаир. Веќе во 17,минута го заработи својот втор жолт картон по што Шкупи остана со играл помалку. Тоа тетовци знаеја како да го казнат, па преку Зајдулаи во 21.минута повторно поведоа, сега со 2-1. Во судиското дополнение на првиот дел, тетовци имаа две можности да ја зголемат предноста, но за среќа на чаирчани, не ги искористија.

И во второто полувреме иста слика на теренот. Тетовци напаѓаа, создаваа шанси, а чаирчани се бранеа. Сепак недостасуваше завршница во нападите на Шкендија, па резултатот остана истиот 2-1.

Во вториот дел уште три гола во мрежата на чаирчани.

Капитенот Бесарт Ибраими постигна два само неколку минути откако влезе во игра. првиот за 3-1 во 70-тата, а вториот во 76-ѕтата минута. Ибраими асистираше и за Љатифи кој во 83.минута ги постави конечните 5-1 за Шкендија.

Вечерва ќе се игра вториот натпревар од премиерното коло. На арената „Тодор Проевски“ во Скопје, во вечното дерби дерби Вардар е домаќин на Пелистер во дуелот што ќе почне до 20 часот, со ТВ пренос на МРТ1.

Останатите натпревари ќе се играат во наредните три дена.

ПМФЛ 1 КОЛО

петок, 8. август
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 5-1
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР | 20:00 | Национална арена „Тодор Проески“, Скопје
сабота, 9. август
БАШКИМИ 1947 – АРЕСИМИ 1973 | 17:30 | стадион Башкими, Куманово
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1932 | 17:30 | Стадион Караорман, Струга
недела, 10. август
ТИКВЕШ 1930 – РАБОТНИЧКИ | 17:30 | градски стадион, Кавадарци
понеделник, 11. август
СИЛЕКС – АП БРЕРА СТРУМИЦА | 17:30 | стадион Силекс, Кратово

Следете нé на социјалните мрежи