Младинската ракометна репрезентација на Македонија со триумф над САД го заврши настапот на младинското Свестко првенство во Полска. Во натпреварот за 25.место во Киелце Македонија победи со 47:28 (24:13).

Од самиот почеток на натпреварот Македонија ја покажа фаворитската улога и без проблеми стигна до нова победа вкупно трета на Мундијалот, по четирите стартни порази. Натпреварот беше убава можност селекторот Раде Стојановиќ на сите играчи да има даде шанса за настап.

Најефикасен кај Македонија беше Ненад Белистојаноски со 7 голови без промашување.

Македонија на шампионатот постигна победи против САД (47:28), Бразил (38:37 на пенали), Мексико (41:21), а во првите четири дуели беа претрпени порази Мароко (30:26), Исланд (34:28), Романија (28:27) и Фарски острови (33:28).