На најновата, денешна машката тениска АТП листа нема големи промени меѓу десетината најдобри.
Единствената е на деветтата позиција на која сега е Русинот, Андреј Рубљов кој со победата на турнирот во Доха го мина Американецот, Томи Пол кој сега е десетти.
Прв и понатаму е Италијанецот, Јаник Синер, пред Германецот, Александар Зверев и Шпанецот, Карлос Алкараз.
Листата од десет најдобри ја комплетираат: Тејлор Фриц (САД), Каспер Руд (Норвешка), Новак Ѓоковиќ (Србија) и Алекс де Маноир (Австралија).