Откако „проструи“ информацијата дела легендарниот македонски ракометен тренер Илија Темелковски починал, Ракометната федерација на Македонија ја демантира информацијата.
Во информацијата на РФМ се вели
Почитувани,
Врска информацијата која беше проследена во јавност преку медиумите дека ракометниот спортски работник г-дин Иле Темелковски е починат, податокот не е точен.
Ве известуваме дека канцеларијата на РФМ стапи во контакт со семејството на Темелковски и г-дин Иле Темелковски и ги замолуваме медиумите да ги корегираат своите објави.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија