Фаворитите немаа никакви проблеми денеска да ги минат своите противници и да обезбедат пласман во следната рунда на Греднм-слемот во Мелбурн.

Во второто третото на Австралија опен се пласираа Аксандер Зверев (2 носител), Карлос Алкараз (3) и Новак Ѓоковиќ (7).

Најубедлив беше Србинот, Ѓоковиќ кој на својот противник Макач од Чешка му препушти само девет гема. Новак го доби мечот во три сета со 6-1, 6-4 и 6-4.

Германецот, Зверев загуби два гема повеќе во мечот против Британецот, Фернли (6-3, 6-4 и 6-4).

Најтешко одигра Шпанецот, Алкараз кој загуби сет во дуелот со Португалецот, Борхес. Првите два сета ги доби Алкараз (6-2 и 6-4), а третиот Борхес сво кај-брејк 7-6(7-3). Алкараз како да го налути тоа па во следниот сет на противникот му препушти само два гема (6-2).