Младата кошаркарска репрезентација на Македонија ја оствари четвртата победа на ЕП во Скопје. Во дуел за пласман од 9-16 место на шампионатот за играчи до 16 години, Македонија ја победи Данска со 70-67.
Малку недостасуваше напите кадети од готово да направат вересија. Противникот го доби првиот период со 8-15. Следните два им припаднаа на жолто-црвените (21-12 и 23-13), кои во последниот имаа и +16 (56-40). И наместо рутински да го приведат мечот кон крајот, му дозволија на противникот во финишот да дојде до поен негатива (68-67). Среќа немаа време, но и сила Данците, па младите македонски кошаркари се радуваа на нова победа (70-67).
Со 15 поени, Цветковски ја предводеше група од уште тројца наши репрезентативци со двоцифрен број на поени. Среборов постигна 14, а Данев и Терзиевски по 12. поени.
Сега македонските кадети ќе го чекаат исходот од дуелот Португалија – Исланд по кој ќе го дознаат својот противник во битката за пласман од 9 до 12 место.