Еуфоријата од одличниот резултат што го направија македонските кошаркарски јуниори сеуште не стивната, а веќе од денска почнува нова. Во Скопје од денеска до 17 август, ќе се одржи Европскиот шампионат „Б“ дивизија за кошаркари до 16 години.
Вкупно 22 репрезентации ќе бидат поделени во четири натпреварувачки групи. Две од нив со пет селекции, а две со по шест репрезентации.
Македонските јуниори ќе играат во „Д“ групата против: Украина, Шведска, Естонија и Австрија (редоследно). Првата целта секако ќе да се мине групната фаза и македонските јуниори да се вбројат меѓу осумте што ќе играат во четвртфиналето.
Прв предизвик за избраниците на селекторот Александар Јончевски ќе будат Украинците. Македонските кошаркарски надежи сите натпревари ќе ги играат во СЦ „Кале“ во терминот од 18.30 часот.
Сите натпревари ќе можете да ги следите ВО ЖИВО ОВДЕ.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНИЈА
8 август (ЧЕТВРТОК) МАКЕДОНИЈА – Украина 18.30 часот
9 август (петок) МАКЕДОНИЈА – слободна
10 август (сабота) МАКЕДОНИЈА – Шведска 18.30 часот
11 август (недела) – СЛОБОДЕН ДЕН
12 август (понеделник) МАКЕДОНИЈА – Естонија 18.30 часот
- август (вторник) МАКЕДОНИЈА – Австрија 18.30 часот




































