Македонскиот репрезентативец во борење, Владимир Егоров експресно го заврши својот настап на ОИ во Париз.

Егоров кој настапи во категоријата до 57 килограми слободен стил, во квалификациите е поразен со технички туш.

Неговиот противник Индиецот, Аман Аман доминираше во текот на целата борба и со 10-0 во поени ја доби борбата.

Сега Егоров ќе навива Индиецот да стигне до финале, како макеоднскиот борач би добил шанса преку репасаж евентуално да се бори за медал.

Во 12 часот ќе следи настапот на македонската таеквондистка Милјана Рељиќ.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА