Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е вториот кој ќе игра во финалето над олимпискиот турнир во Париз. Во вториот полуфинален меч Ѓоковиќ за еден час и педесет минути игра, во два сета го победи Италијанецот, Мусети.

Еден брејк и тоа во десеттиот гем, беше клучен Ѓоковиќ да го добие првиот сет со 6-4. Во вториот Италијанец стартуваше со брејк, но Ѓоковиќ веднаш се возврати. И следните два гема тенисерите ги губеа на свои сервис. Сепак Србинот во шестиот и во осмиот гем успеа да направи брејк и да го приведе сетот во своја полза со 6-2.

Така најтрофејниот тенисер во историјата Ѓоковиќ за првпат во кариерата ќе се бори за златниот олимписки медал.

Негов противник ќе биде Шпанецот Карлос Алкараз. Тоа ќе биде реприза на годинашното финале од Вимблдон

Дуелот за златниот медал меѓу Ѓоковиќ и Алкараз ќе се игра во недела.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА